50 годишниот скопјанец Тодор Г. загинал во сообраќајна несреќа на скопската улица „Теодосиј Гoлоганов”. Несреќата се случила 21:20 часот. Загинатиот управувајќи комбе „Фолксваген“ со скопски регистерски таблички удрил во контејнери и починал. Бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде е констатирана смрт. Увид на лице место извршила екипа на скопската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.