| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва на плоштадот во Скопје

Владејачката коалиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ, вечерва ќе одржи митинг во Скопје. Поддржувачите на владејачката коалиција ќе се соберат на плоштад „Македонија“ со почеток во 20:30 часот. На митингот ќе се обратат актуелниот премиер и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

Владејачката “За подобра Македонија” во моментов оддржува мал митинг во Чашка, потоа заминува во Петровец во 16 часот и на крај, пред собирот во Скоје, ќе се обрати на насобраните во Чучер Сандево во 19 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top