Поранешниот европски првак Грција цврсто го држи фенерот во Ф групата за пласман на Европското првенство во Франција, а вечерва нашите јужни соседи се изрезилија со пораз од големиот аутсајдер Фарски острови.
Гостите доскоро имаа статус на аматерска селекција и сега кај нив нема позначајни промени, игралите им се главно со аматерски статус, но вечерва го кутнаа на колена фаворитот Грција со победа од 1-0.
Едмундсон со гол во 61. минута ги шокира домаќините на полупразниот стадион во Атина. Грција со три порази и само едно реми е на последната позиција во Ф групата по 4 кола.
Резултати: Грција – Ф. острови 0-1, Грузија – Полска 0-4, Германија – Гибралтар 4-0, Португалија – Ерменија 1-0, Србија – Данска 1-3, Романија – Северна Ирска 2-0, Шкотска – Република Ирска 1-0, Унгарија – Финска 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција