| четврток, 6 декември 2018 |

Импулсивен шопинг е ментална болест?

soping

Компулсивното купување може да биде знак на длабок психички проблем, предупредува германското друштво за психосоматска медицина и медицинска психотерапија.

Повремено неконтролирано купување се случува на многумина, но ако тоа стане почесто и донесува само краткотрајно чувство на задоволство, тогаш е знак на психичко пореметување, пишува порталот „Магазин“.

Луѓето кои се склони на напад на шопинг се обидуваат потоа да заборават и да сокријат што купиле, бидејќи чувстуваат срам и вина, а во многу случаи ова купување се јавува во комбинација со други психички пореметувања како депресија.

Инаку, компулсивност е тежнеење да се направат и да се повторат одредени работи кои се доживуваат како внатрешна принуда, пропратени со чувство на анксиозност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top