„Смртта никогаш не изгледала олку добро“ е само еден од насловите по весниците откако една полска компанија за производство на мртовечки сандаци објавила крајно необичен каталог од своите производи, во кој намето сандаци, доминираат згодни и голи девојки.
Каленарот на „Линднер“ нуди промискутетен приказ на смртта за кој авторите тврдат дека има доза елеганција, сила и енергија на жената, пренесуваат „централните европски вести“.
Сопственикот на компанијата, Збригњев Линднер, изјавил дека неговиот син дошол до идеја да креира необичен календар, кој би прикажал една истовремено сериозна и живописна слика на убавината на полските девојки, како и на нашите ковчези.
– Сакавме да покажеме дека ковчегот не е свет предмет. Тоа е парче мебел, последниот кревет во кој ќе спиете. Тоа не е никаков религиски симбол. Тоа е парче производ – изјавил Линднер.
Штом се дознало за овој контроверзен календар, се огласила и Католичката црква во Полска, а портпаролот на црквата изјавил дека смртта мора да се третира како свечен чин, а не да се поврзува со секс и ја нарекле кампањата „богохулна и омаловажувачка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






