| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички останува во Прва лига, суспендирани Докузовски, Србиновски, Геровски и Поповски

Комесарот за натпреварување при првата македонска кошаркаска лига на Македонија, Бобан Јосифовски, ја донесе конечната одлука за прекинатото дерби  меѓу Работнички и МЗТ што се играше во „Градски парк“.
По речиси 24 часа откако на прес-конференција изјави дека не гледа друго решение освен драстична казна со исфрлање на македонскиот најтрофеен тим во најнизок ранг на натпреварување, Јосифовски по прегледувањето на забелешките од Арбитражната комисија ја смени одлуката и го казни Работнички со пораз со службен резултат, со недобивање бод за пораз, со играње на еден натпревар без публика на свој терен, со суспензии за првиот тренер Марин Докузовски, неговиот помошник Марјан Србиновски и за претседателот на клубот Горан Геровски.
Комесарот го казни и делегатот на тој натпревар, Блаже Поповски, со забрана за вршење на должноста во следните четири месеци.
Паричните казни остануваат исти. Работнички е вкупно казнет со 40 илјади денари, а МЗТ е казнет со 24 илјади.

– Ова се најновите одлуки што ги донесов, по сугестиите на Арбитражната комисија и по прегледувањето на изјавите од сите инволвирани во овој инцидент. Верувам дека овие одлуки се правно издржани и стојам зад нив – изјави Бобан Јосифовски, комесарот за натпреварување при КФМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top