| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Димитров и Лазар Цветковски со нова песна за Есма и Лозано

Познати и докажани автори се инволвирани во подготовката на евровизиската песна на која деновиве интензивно се работи, неофицијално – објави „Дневник“. Се работи за хит-мејкерите Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а во тимот ќе биде вклучен и Симеон Атанасов, кој ќе се погрижи за делот од композицијата што треба да го отпее Есма. Потписник на текстот според дневниот весник ќе биде поп- ѕвездата Елена Ристеска.

За Есма Реџепова и за Влатко Лозаноски-Лозано се подготвува нова композиција слична на трендовските европски хитови, но ниту евровизискиот тим ниту авторите не беа достапни за коментар. Евровизиската тема МРТ треба да ја предаде најдоцна до 18 март, кога во Шведска ќе се одржи состанокот на шефовите на делегациите од сите земји-учеснички на изборот.

Спотот за новата евровизиска песна ќе биде готов до крајот на месецов. Есма и Влатко ќе пеат во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 14 мај во арената во Малме.

Автори на композицијата „Империја“ беа синот на Есма, Симеон Атанасов, и Дејан Момировски, а текстот е на Борче Нечовски. Спотот за оваа тема го реализира продукцијата „Егзит Б“. Во него акцентот беше ставен на зданијата од проектот „Скопје 2014“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top