Сопругата на пејачот и композитор Јован Јованов, Николина, која е и косопственик на продуцентската куќа „Јованови“, демантира каква било вмешаност на продукцијата и на нејзиниот сопруг со аферата околу местењето на „Скопски фестивал“.
– Проверивме во МВР и јавно изјавувам дека во ниту еден полицијски извештај не стои името на Јован Јованов. Исто така изјавувам дека полицијата ниту била дома , ниту вршела претрес , ниту пак кај нас се најдени телефонски апарати и картици. Тврдам одоговорно дека никој на Јован Јованов не му се јавил од полиција или било која друга јавна служба да му побара било каква изјава во врска со случајот. Немаме никаква врска со аферата “Скопски фестивал” и сум изненадена и затечена како е дојдено до тоа името на Јован Јованов да се вклучи во медиумската расправа кога не постои никаков основ за тоа. Јован Јованов е заминат пред месец дена во САД на студии и апсурдно е било какво инволвирање на неговото име во овој случај. Се замолуваат сите новинари пред да дадат било каква информација да ја проверат од кои извори потекнува затоа што ваквите шпекулации и малверзации и наштетуваат не само на неговата фамилија туку и на самото име на Јован Јованов кое деновиве се провлекува во негативен контекст без никаква причина и доказ – вели Јованова во изјава за „Убавина и здравје“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Чарлс има афера со позната актерка
-
Што му се „готви“ на Роналдо: Тој го чека своето трето дете, а таа јавно кажа дека неодмна спиела со него (Видео)
-
Му сместуваат љубовна афера на Новак-Ѓоковиќ го поврзуваат со готвачката на Серена и Венус Вилијамс
-
Душко се огласи за аферата со македонската манекенка


