Аргентинскиот суд го повика на сослушување канадскиот поп-пејач Џастин Бибер, кој е обвинет за соучество во претепување локален фотограф.
Инцидентот се случи во ноември 2013 година, покрај еден од ноќните клубови на аргентинската престолнина, за време на турнејата на канадската поп ѕвезда. Неговите телохранители претепале аргентински фотограф, кој се обидел да го фотографира пејачот и му ја одзеле камерата. Се претпоставува дека тие го направиле тоа на барање на Џастин.
Аргентинскиот суд, преку Интерпол издал налогот, според кој, во рамките на 60 дена пеачот е должен да пристигне во Аргентина за да сведочи. Во спротивно може да биде издадена меѓународна потерница за негово апсење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



