| четврток, 6 декември 2018 |

Кастратовиќ: Играта на Будуќност е како на рагби натпревар, ако треба ќе возвратиме со иста мера

Во пресрет на натпреварот меѓу ЖРК Вардар и Будуќност во рамките од ракометната Лига на шампиони во женска конкуренција што се игра во недела, македонскиот шампион и трет тим во Европа одржа прес-конференција на која ги истакнаа желбите, мотивите и атмосферата во тимот.
Претседателот на клубот Гордана Нацева изјави благодарност за се поголемиот број на симпатизери што доаѓаат на нивните мечеви и се надева дека овој тренд на зголемување на бројот на публиката на ЖРК Вардар ќе продолжи и клуминира во недела кога се игра дербито во Лигата на шампионите меѓу вицешампионот Будуќност и третопасираната екипа на Вардар.

– Од натпревар во натпревар ја подобруваме формата и атмосферата во тимот. Девојките се подготвени за овој ракометен спектакл. Вербата меѓу ракометарките е на највисокот ниво. Публиката во недела ни е најпотребна од било кога до сега. Од клубот од Подгорица ни најавија дека доаѓаат со преку 100 нивни најверни навивачи, „Варвари“. Ја знаеме нивната подршка кон клубот и предноста на домашен терен веќе е анулирана. Сите ракометарки се свесни за тоа и желбата за одмазда од полуфиналето на фајнал-фор турнирот и првиот натпревар од овогодинешната сезона е огромна.
Во никој случај не смееме да дозволиме ракометарките на Будуќност да се чувствуваат како да играат дома. Затоа ја повикувам нашата публика да дојде до што поголем број и да ги бодри нашите девојки – порача Нацева.

Тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ секогаш позитивна како и што доликува е свесна за големината на овој натпревар и важноста на бодовите. ЖРК Вардар во минатото коло ја победи Подравка на свој терен и со тоа се пласираше во следната рунда. Бодовите од овој натпревар се повеќе од потребни бидејќи се пренесуваат во следната рунда од Лигата на шампионите.

Vardar - podravka 2014 (5) (Large)

– Секогаш има простор за напредок во екипата. Од натпревар во натпревар играме се подобро и сум задоволна од залагањето на сите ракометарки. Будуќност е екипа која игра агресивна одбрана, многу често играат и доста грубо и нивните натпревари без разлика на противникот наликуваат понекогаш на рагби натпревар. Нашите девојки се свесни за тоа и се спремаат максимално да одиграат перфектен натпревар. Задоволна сум од тоа што на нашите натпревари има се повеќе публика која дава подршка каква што ни е потребна и на овој натпревар. Се надевам и посакувам сите заедно да се радуваме на крајот – изјави Индира Кастратовиќ.

ЖРК Вардар максимално ја сфати тежината на дуелот и својата физичка подготвеност ја тестираше со младинскиот погон на машкиот тим Вардар.

Една од најдобрите ракометарки кај „црвено-црните“ новото засилување Барбара Лазовиќ потсети колку е тешко да се игра во Подгорица против Будуќност.

– Сите очекуваме добар натпревар. Од меч во меч нашата форма е во нагорна линија. Знаеме колку е тешко да се игра во Будуќност, но се надевам дека во Скопје ќе биде обратна слика. Сега сме по воиграни и ќе го дадеме максимумот – додаде Лазовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top