| четврток, 6 декември 2018 |

Генералниот секретар на НАТО во ненајавена посета на Авганистан

zx450y250_2413852

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е на ненајавена посета во Кабул за да се сретне со силите на алијансата и со новото раководство на земјата, пренесува „Асошиејтед прес“.

Столтенберг, кој го презеде водството на НАТО на 1 октомври, посетил тренинг центар на авганистанските специјалци за да ги увери вооружените сили на земјата дека алијансата ќе продолжи да ги поддржува и откако ќе се повлече на крајот на годината.

НАТО и САД ќе ги повлечат борбените сили од Авганистан по 13 години битка со талибанските бунтовници. Таму ќе остане контингент со бројност од околу 12 илјади американски војници и војници на НАТО, кои ќе ги обучуваат и поддржуваат авганистанските вооружени сили.

Силите за безбедност на Авганистан бројат 350 илјади луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top