Околу 130.000 вработени кои имаат договори со автомобилскиот гигант Дајмлер (Daimler) ќе се израдуваат на бонусот од 3.200 евра, кој компанијата ќе им го исплати за успехот оваа година. Ова е трета највисока премија откако автомобилската компанија го усвои ова правило во 1997 година, пренесува Ројтерс. Автомобилскиот производител објави дека ќе го промени својот систем за пресметување на бонуси и ќе го направи потранспарентен со нова јасна формула. Актулизацијата сепак ќе стапи на сила следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


