| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово најмногу заболени од грип

grip

Во Тетово се регистрирани најмногу заболени од грип, вкупно 111 случаи, информира Институтот за јавно здравје. Изминатата недела биле пријавени 98 новозаболени од грип. Вкупната бројка од почетокот на сезоната е 368.

Во споредба со истиот период минатата година (165 заболени), постои зголемување на вкупниот број пријавени случаи за 2,2 пати, а во однос на просекот за 10-годишниот период (38) се регистрира зголемување за 9,7 пати.

Заболени лица за целата оваа сезона се пријавени во 19 градови, но во 13 од нив бројот на регистрирани е помал од 10.

Дистрибуцијата на заболените од грип по месеци укажува дека во октомври се пријавени 270 случаи со симптоми на грип (73,4 проценти), а во ноември 98 случаи или 26,6% од вкупниот број во целата сезона.

Најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 205 случаи (55,7 проценти).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top