| четврток, 6 декември 2018 |

Стаорци во специјална војна

стаорциГлавните вести поврзана со Иран деновиве не е нуклеарната програма или било каков настап на Ахмадинеџад. Овој пат се работи за џиновски стаорци кои го опседнаа главниот град Техеран. Сликите од нив покажуваат „мутанти“ тешки над 5 килограми. Градот со нив се справува- со пушки.

Проценката е дека во градот со 12 милиони жители има околу 25 милиони стаорци. Секоја пролет топењето на снегот и поплавите во канализацијата ги вади надвор од скривалиштата. Но оваа година тие се поголеми и изгледаат поинаку, велат од градските власти, а за такви промени треба милиони години еволуција.

Дел од јавноста прстот го впери кон САД бидејќи ова се смета за дел од специјална војна против Иран. За ова ги обвинија американските служби кои по неколку пати со хакерски напади против постројките за збогатување на ураниум, на овој начин, со пуштање на мутирани стаорци сакаат да предизвикаат психоза и слабеење на власта на Ахмадинеџад, известуваат локалните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top