| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедска патека од соларни панели

solaroad-2Во едно предградие на Амстердам во употреба е пуштена првата патека во светот, која е изработена од соларни панели, објави „Лајв Сајнс“.

Компанијата „Солароуд“ ја изгради 70 метри долгата велосипедска патека од панели од бетон и стакло, кои ќе имаат задача да ја апсорбираат сончевата енергија.

Панелите се бетонски плочи со вграден кристален слилициум, материјал кој се содржи и во конвенционалните соларни колектори. Бетонските плочи со силициум се прекринеи со два слоја стакло, преку кои продираат сончевите зраци.

Енергијата добиена во панелите ќе се пренесува преку електрична мрежа и таа ќе биде доволна за снабдување со струја на две до три домаќинства во текот на цела година.

Оваа патека ќе биде тестирана во следните три години, по што во зависнот од добиените резултати ќе се разгледува можноста за изградба и на други вакви патеки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top