| четврток, 6 декември 2018 |

Резиденција со 250 соби за турскиот претседател

ib-turkeys-presidential-palaces-cankaya-004Додека да биде изградена спорната претседателска резиденција во близина на Анкара, ќе се изгради нова со 250 соби, која ќе биде во близина на резиденцијата со сто соби, соопшти анкарската филијала на Здружението на архитекти на Турција.

– Комплексот нема да се состои само од резиденцијата, за која нема дозвола. Резиденцијата каде ќе живее претседателот е планирана да биде со површина од 7.000 метри квадратни, според нашите пресметким изјави претседателката на анкарската филијала на Здружението на архитекти Тезџан Каракуш Џандан.

Таа наведе дека претседателската резиденција ќе има 250 соби, џамија со капацитет за 4.000 луѓе и културен центар. Џандан посочи дека планираната џамија е претенциозна и е копија.

– Претседателот мисли дека една силна држава треба да има голема резиденција. Белата куќа е со 5.109 метри квадратни, што е една од најмалите резиденции во светот. Тоа би требало да значи дека САД се мала држава. Голема резиденција не значи голема држава, наведе Џандан.

Новата претседателска резиденција се наоѓа на територијата која е заштитена природна зона. Административниот суд во Анкара ја стопира изградбата, но одлуката не беше почитувана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top