Стапката на невработеност во Грција во август оваа година опадна на 25,9 проценти од јулските ревидирани 26,1 отсто, соопшти грчката агенцијата за статистика. Вкупно 1,242 милиони лица биле невработенеи во текот на месец август.
Ова е досега најниска стапката на невработеност откако Грција беше погодена од економската криза, при што невработеноста достигна до 28 проценти во септември 2013 година.
Невработеноста кај младите меѓу 15 и 24 години останува висока, но сепак е намалена на 49,3 од 58,6-те проценти во истиот период минатата година. Невработеноста меѓу луѓето на старосна граница од 25 до 34 години била 32,7 проценти.
Грција е во рецесија во последниве шест години по спроведувањето на строгите мерки за штедење по барање на меѓународните кредитори, во замена за исплата на средства за спас на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција