| четврток, 6 декември 2018 |

Осудена Британка за финансирање на џихад

_76118495_624_index_msaad_elwahabi_pa28-годишна лондончанката Амал ел Вахаби е осудена денеска од лондонскиот суд Олд Бејли на 2,5 години затвор за собирање пари и финансирање на џихадот на нејзиниот сопруг во Сирија. Обвинета е дека се обидела илегално да префрли во Турција готовина од 20 илјади евра, преку една своја пријателка која требало да биде курир.

Во текот на судскиот процес таа се обидуваше да го убеди Судот дека не знаела за што се потребни толку пари, но судијата рече дека постојат докази за тоа дека Ел Вахаби знаела оти парите му требат на сопругот за борбата на џихадистите во Сирија, на кои тој им се приклучил уште од јули минатата година.

Сопругот Ајл Дејвис, поранешен дилер на дрога познат и по прекарот „Хамза“, преку турската територија се префрлил во Сирија за да учествува со џихадистите од групата Исламска држава во борбата за соборување на сирискиот претседател Башар ал Асад, а сега војувајќи против сите несунити за формирање „Исламски Калифат“.

Во јануари годинава, Дејвид и се јавил на сопругата и побарал пари за да се помогнат џихадистите, па Ел Вахаби решила да ја искористи својата пријателка од училиште, за да ги префрли парите во Турција. На курирката и рекла да ги сокрие парите во својата долна облека, но не и кажала зашто се наменети.

На аеродромот Хитроу, меѓутоа, курирката била запрена и претресена, па таа признала кој и ги дал парите и тоа дека требало само да ги однесе на турска територија.

Осудената Амал ел Вахаби ќе мине само половина од казната во затвор, додека другиот дел ќе го отслужи дома под надзор, затоа што е мајка на две малолетни деца. Нејзниата пријателка-курир беше ослободена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top