Босна и Херцеговина денеска по 22 години независност првпат ја презеде контролата над поголем дел од воздушниот простор. Поради војната во БиХ (1992-1995) воздушниот простор го контролираа меѓународните мировни сили, а во 2003 година таа улога ја презедоа соседните Србија и Хрватска, додека земјата изгради сопствени капацитети.
– Денешното делумно преземање на контролата значи крај на десетгодишниот проект за изградба на сопствен систем за управување со воздушната навигација и подготовката на околу 400 луѓе персонал, изјави Ѓорѓе Ратковица генераленн директор на Дирекцијата за цивилна авијација на БиХ.
Србија и Хрватска ќе продолжат да го контролираат воздушниот простор над 10.000 метри, а од крајот на идната година ќе преземе БиХ.
– Првпат во историјата на БиХ постои регионална контрола на лет, истакна Ратковица.
Проектот, вклучително и диспечерските центри во Сараево, во Мостар и во Бања Лука, чини 34 милиони долари, а дел се обезбедени од кредит на Европската банка за обнова и развој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.