Со прикажувањето на филмот „Споменик на Мајкл Џексон“ во скопското кино „Милениум“ од денеска почнува фестивалот на европскиот филм „Синедејс“. Филмот е на режисерот Дарко Лунгулов.
Во рамките на фестивалот ќе се прикажат повеќе од 100 филма, 10 концерти и 5 филмски работилници.
На годинешниот „Синадејс“ ќе се прикажат филмовите на победниците од неколку престижни фестивали, како тие во Берлин и во Кан. На „Синедејс“ ќе се прикаже и филмот на Бранка Бешевиќ Гајиќ, посветен на актерот Жарко Лаушевиќ, „Лауш“.
Ќе се прикаже филмот „Ида“ на Павел Павликовски, најголемиот претендент за овогодишниот „Оскар“ за филм од неанглиско говорно подрачје и многу други.
Во програмата „Земја во фокус“ се селектирани бразилските филмови: „Градот на Господ“ режиран од Фернандо Миралеш, комедијата „Госпоѓа Флор и нејзините двајца сопрузи“ на Бруно Барето. Култниот „Довидување Бразил“ на Карлос Диегеш. Како и најпознатиот бразилски филм на сите времиња „Црн Орфеј“ на Марсел Ками, репрезентативниот филм „Бразил – главната станица“ на Валтер Салес и други.
Инаку, 13. „Синедејс“ наместо со филм ќе заврши со концерт на филмска музика во кино „Милениум“, што ќе го изведе оркестарот на Македонската филхармонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со долгоочекуваната премиера на филмот „Еј“ се затвора годинешното издание на „Синедејс“
-
На „Синедејс“ првпат ќе се одржи Форум на претставници од 12 филмски фестивали во Македонија
-
Вечерва на „Сиендејс“ последниот филм на Даниел Деј Луис
-
Женскиот младински хор при МКЦ одржа бесплатен џез концерт во рамки на „Синедејс“