| четврток, 6 декември 2018 |

Бошкоски одби да даде завршен збор: Не можам од суд кој не го признавам да барам да ме ослободи

Обвинетиот во случајот „Ровер“, Љубе Бошкоски, на денешното судење одби да даде завршен збор поради, како што рече, монтираниот и трагичен судски процес за случајот „Ровер“.

Тој искористи да држи лекции за историјата на правото и зборуваше за несовесното работење на судската власт.

– Ни на крајот од мојот ум не мислам да барам ослободителна пресуда од вака дерогиран суд кој не го признавам. Тоа би било премногу комично – рече Бошкоски.

Тој им се заблагодари на присутните и рече: „Се гледаме во подобри времиња”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top