Вo коментар на статусот на водителот Дамјан Дренковски, топ-моделката Катарина Ивановска направи лапсус, од кој подоцна се обиде да се извади.
Имено, Кики во одбрана на Даниел Кајмакоски тврди дека тој зборува австриски.

Кога ѝ укажуваат на грешката, таа вели дека Австријците се лутеле кога јазикот им го викаат германски.
Мнозинството од населението во Австрија говори на локалниот австробаварски дијалект на германскиот јазик, како нивни мајчин јазик, а службен јазик на земјата претставува германскиот јазик во неговата стандардна форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


