| четврток, 6 декември 2018 |

Во буџетот ќе влезат 35,5 милиони евра дивиденда од „Телеком“

Ќе се подели дивиденда од 65,46 денари за акција, а ќе ја добијат и малцинските акционери што поседуваат 2,31 отсто од капиталот

telekomНајголемите акционери во „Македонски телеком“ – унгарски „Маѓар телеком“ и Владата, и покрај намалените приходи во минатата година, ќе поделат дивиденда од 65,46 денари за акција, која е помала за 8,4 отсто во однос на исплатената за 2011 година, пренесе Дневник.

Од вкупниот износ на дивидендата што ќе се подели, Владата ќе добие околу 35,5 милиони евра како акционер кој поседува 34,81 проценти од акциите во „Македонски телеком“. Лани на сметката на Владата легнаа околу 39 милиони евра како дивиденда за 2011 година, а акционерите добија по 71,46 денар за акција. Намалувањето на бруто-износот на дивидендата за 2012 година се должи на пониските приходи за 12 отсто во однос на претходната година поради што и профитот на „Телеком“ падна за една четвртина и изнесуваше 61,7 милион евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top