Надуеноста на стомакот може да биде вистински проблем и да трае долго. Постојат неколку продукти кои може да помогнат таа да се намали.
Краставички
Овој зеленчук, кој изобилува со вода, го хидрира вашиот организам помагајќи му да се ослободи од надуеноста. А, бидејќи содржи само 45 калории, тоа го прави да биде едноставно идеален.
Грејпфрут
Еден голем грејпфрут содржи само 120 калории и е полн со вода која ги исфрла непосакуваните материи од организмот. Исечкајте го на мали парчиња и јадете го полека. Ако изедете цел грејпфрут одеднаш, може да проголтате и многу воздух, поради што ќе се чувствувате уште понадуено.
Незасладен зелен чај
Зелениот чај содржи антиоксиданс кој дејствува против воспаленија и ублажување на различни тегоби. Зелениот чај одамна се користи за овие цели. Пијте го ладен, само не засладувајте го.
Чај од нане или од ѓумбир
Секогаш имајте при рака чај од нане или од ѓумбир.Овие чаеви ќе ви помогнат да се ослободите од гасовите и да го смирите вашиот стомак на потполно природен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.