| четврток, 6 декември 2018 |

Жигот на ѕверот забрзано се шири: Луѓе чекаат во ред да им се вгради микрочип (видео)

Луѓе чекаат во ред за импланти! Сите знаевме дека тоа ќе се случи кога-тогаш, но не знаевме дека ќе се случи толку брзо. Еден од луѓето кои се чипуваа е и Мартин Висмаер кој може да чува биткони во своето тело благодарение на 12 mm долгиот стаклен компјутерски чип вграден во неговото тело, но тој не е единствен.

Други чекаат во ред за да добијат персонализирани будилници или клучеви со кои можат да отвораат врата со помош на чипот кој е вграден во нивните тела.

VeriChip (познат уште и како PositiveID) ги исполнува сите критериуми кои овозможуваат да се „означи“ секое човечко битие. VeriChip е RFID микрочип кој може да биде уфрлен во човечко месо. Денеска тој се користи за микрочипување на луѓе со одредена медицинска состојба во рамките на проектот Obamacare (Обама нега).

Тоа е иста технологија која се користи за означување на животните за да можат да се вратат на сопственикот доколку се изгубат.

Во октомври 2004 година тоа го одобри FDA. Според сајтот на VeriChip, RFID решенијата во моментов се користат во преку 5.000 инсталации ширум светот вклучувајќи ја здравствената нега, безбедноста, власта, индустриските пазари итн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top