Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шијгу рече дека руската војска ќе спорведе редовни далекусежни патроли на стратешките бомбардери од Арктичкиот океан до карибите и мексиканскиот залив.
Изјавата на Шојгу е дадена по острата реакција на НАТО поради руските воени летови над Црното, Балтичкото и Средоземното море, пренесе агенцијата „Асошиетед прес“.
-Во сегашната ситуација ние мораме да одржуваме воено присуство во западниот Атлантик и источниот Пацифик, како и над Карибите и мексиканскиот залив, рекол Шојгу.
Рускиот министер наведе дека руските бомбардери со долг дострел ќе спроведат летови и по должината на границите и над Арктичкиот океан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.