Најголем проблем што се јавува при спроведување на проектот за легализација на дивоградбите е недоставувањето на геодетски елаборати. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во интервју за неделникот „Република“ посочува дека има над 100.000 празни барања, без потребниот елаборат.
-Вториот проблем е тоа што не сите општини навреме одговараат на барањата, но тоа веќе го средуваме. Поднесовме до Влада нови измени на законот за олеснување на легализацијата. Секогаш во изјави за медиумите испраќам повик да се завршат геодетските елаборати за да се потполнат тие барања. Сепак бројката од над 110.000 легализирани објекти во Македонија е една солидна бројка, но остануваат 350.000 барања. Крајниот рок за поднесување на тие елаборати е 31.12.2015 година, има време, но бројот на елаборати што треба да се направат е голем. Нема потреба да се чека последен момент. Ние овозможивме бесплатни елаборати за социјално-ранливите категории за да им помогнеме на тие луѓе во постапката за легализација. Интересот е голем, секој од нас сака да има легален дом – вели Јанакиевски.
Целиот разговор ќе биде објавен во утрешниот број на неделникот Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јанкулоска со поддршка за Јанакиески (фото)
-
Истече рокот за комплетирање барања за легализација на дивоградби од 2011 и 2016
-
Oд Даљан до Костозглобна се формира цела нова населба од куќи и повеќекатници кои се градат без ни еден документ
-
Катастар: Да се продолжи рокот за изработка елаборати за дивоградби