| четврток, 6 декември 2018 |

Инфаркт пред камери: Доктор за малку ќе умрел среде емисија (видео)

Доктор Угур Јансел гостувајќи во една од најпопуларните емисии за здравје која се емитува на Турската телевизија, за малку ќе умрел пред камерите, а на водителката и требало време да сфати дека нешто сериозно се случува.
Додека објаснувал како да им се помогне на децата кога имаат рамни стапала, овој човек во доцните 50-ти години почнал да покажува очигледни знаци на срцев удар: непријатност, силна болка во градите…тоа било вовед во серија срцеви удари.

Смирена и потполнио несвесна за тоа што се случува водителката Азру Килиц со насмевка го запрашала: Дали е се в ред професоре? Сакате ли малку вода?

На ова несреќниот човек одговорил: „Изгледа нешто не во ред со мојот пејсмејкер!“ покажувајќи на срцето. Потоа се напил голтка вода и доживеал серија срцеви удари што буквално го натерало да скока на каучот.
Водителката се насмевнала, се свртела кон камерите и рекла: „Време е да се погрижиме за нашиот доктор, а сега реклами!“
Несреќниот доктор зад сцената доживеал уште еден инфакрт, а потоа бил префлрен во болница. Состојбата му се стабилизирала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top