| четврток, 6 декември 2018 |

Телото на загинатиот кај каменоломите е на скопски бизнисмен

Телото кое вчера беше пронајдено во автомобил  бездна на патот Гостивар – Кичево кај каменоломите, најверојатно е на познат скопски бизнисмен, откриваат неофицијални извори од истрагата. Тој вчера околу 10 часот беше пронајен во својата Шкода Октавија излетан од патот. Во близинана неговото тело е пронајдена патна исправа на лице од Скопје кое на први месецов било пријавено за исчезнато.  Во моментов се уште трае истрагата, па официјални информации надлежните институции не сакаат да дадат пред таа да заврши. Неофицијално, станува збор за бизнисмен од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top