Хари Робертс во далечната 1966 убил тројца полицајци, а на изрекувањето на пресудата пред 48 години најавиле дека никогаш нема да го разгледуваат неговото пуштање на слобода
Хари Робертс (78) кој добил доживотна затворска казна затоа што убил тројца невооружени полицајци во 1966 година, во понеделник ќе биде пуштен на слобода од затворот во Кембриџшир.
За време на пресудата, судијата Хилдрет Глин Џонс, му рекол на Робертс дека поради тежината на злоделото никогаш нема да разгледуваат дали ќе го пуштат од затвор.
Но британскиот одбор за повторно разгледување на казни, сметал дека Робертс ги задоволува условите за пуштање од затвор.
„Престапниците осудени на доживотен затвор подлежат под строги контроли онолку време колку што претставуваат ризик. Доколку не ги почитуваат условите за пуштање од затовр тие веднаш ги враќаат назад“, соопштил одборот, одбивајќи да коментираат поединечни случаи.
Се верува дека Робертс сега живее во еден затворски хостел и дека не му е доделен нов идентитет.
Подоцна ќе биде преселен во заштитено сместување.
Полициското здружение соопштило дека се лути и полицајците и јавноста поради веста дека убиецот на полицајците е пуштен на слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија
-
Уапсен убиецот кој изврши масакр во Албанија: Убил осум роднини, меѓу кои жени и деца