| четврток, 6 декември 2018 |

Момент на блискост со Путин го збуни Обама

0000245100-article2

Не дозволувајте да ве измами фотографијава! Претседателите Путин и Обама се уште не се пријатели!

На настан во Пекинг, со кој се одбележува отворањето на средбата на Азиско- пацифичка економска соработка, кога кинескиот претседател Си Џинпин ги одведе Обама и Путин кон салата, меѓу двајцата претседатели се почуствувала напнатост.

„Убаво е, нели“, прашал Путин, посочувајќи нешто во насока на Обама. Американскиот претседател се согласил воздржано и без да го погледне рускиот колега во очи.

Кога тројцата претседатели застанале до масата, Путин се протегнал со раката кон Обама. Сето тоа изгледало кака да рускиот претседател ќе го погали по грбот Обама. Но одеднаш Обама се завртел и Путин ја ставил раката на неговото рамо.

Во рамките на вчерашниот ден двајцата претседатели разговарале неколку пати по 15-20 минути. Според најавите од Белата куќа, двајцата разговарале за Сирија, Иран и Украина.

Непријатните моменти помеѓу Путин и Обама не се невообичаени. Во јуни за време на прослава на годишнината од Десантот во Нормандија, двајцата како преграда меѓу нив ја користеа англиската кралица Елизабета II.

А пак минатата година на меѓународен форум, Обама се пошегувал со Путин, велејќи дека личи на досадно дете, кое седи во дното на училницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top