| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски:ВМРО-ДПМНЕ стои зад Франгов

Премиерот и претседател на ВМРО- ДПМНЕ вечерва на гевгеличани им порача дека партијата целосно застанува зад кандидатот Иван франгов кој досега успешно ја водеше општината

gruevski-strumica500
Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Гевгелија Иван Франгов вети дека ќе го врати сјајот на градот доколку добие доверба од гевгеличани за втор мандат.

Завршување на постојните проекти но и стотици нови кои ги предвидува новата изборна програма ги претстави  пред своите сограѓани Иван Франгов.

Премиерот Никола Груевски рече дека како партија целосно застануваат зад кандидатурата на Франгов бидејќи во услови на тешка економска криза тој успешно ја водел општината и порача народот да ги награди според сработеното.
На митингот во Гевгелија ВМРО ДПМНЕ ги претстави и кандидатите за советници на чело со носителот на листата Томе Кичуков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top