| четврток, 6 декември 2018 |

Абидал се враќа во Барселона

Поранешниот фудбалер на Барселона, Ерик Абидал наскоро би можел да се врати на „Камп Ноу“, но овој пат како директор на интернационалната фудбалска школа.

Како што пренесуваат каталонските медиуми, Абидал ќе го исполни ветувањето и животниот сон да се врати во Барселона.

Французинот ќе има интересна работа, со оглед на тоа што Барселона има 11 школи низ светот, во Сао Паоло, Мајами, Санта Доминго, Лима, Рио Дежанеиро, Варшава, Сингапур, Фукуока, Њу Делхи, Дубаи.

Абидал за Барселона настапуваше од 2007 до 2013 година со кого ги освои сите можни трофеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top