Гостиварка ги пријавила сопругот и свекорот за семејно насилство. Според информациите од СВР Тетово, С.Р. (41) вчера во полициската станица Гостивар, изјавила дека била физички нападната од сопругот Г.Р. (42) и свекорот М.Р.(64).
На насилството му претходела вербална расправија меѓу сопружниците, по што мажот ја удирал со тупаници, клоци и дрвен предмет. Набрзо потоа се приклучил и свекорот, кој освен што ја удрил неколкупати, на снаата и упатувал закани и навреди.
Тепаната жена во пријавата побарала кривичен прогон за насилниците, а полицијата работи на расветлување на овој случај.
Годинава за семејно насилство на гостиварското подрачје, поднесени се четири кривични пријави, четири барања за прекршочна постапка и 38 поплаки. Во најголемиот број пријавени случаи, насилство претрпеле сопруги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.