| четврток, 6 декември 2018 |

Вечер наполни 51 година

vecer

ВЕЧЕР, еден од најстарите дневни весници во Македонија денеска наполни 51 година. ВЕЧЕР е меѓу  дневените весници со постигнати најголеми тиражи, со бројка од над 100.000 продадени примероци.
Приказната почна на 11 ноември 1963 година кога излезе од печат првиот број на првиот вечерен катадневен информативен весник на НИП “Нова Македонија” – ВЕЧЕР наменет за брзо, кусо и јасно информирање за се она што се случува кај нас и во светот. Првиот број на ВЕЧЕР е отпечатен на 16 страници – половичен формат од стандардниот формат на Нова Македонија. Во првиот број на ВЕЧЕР се објавени вкупно 82 текста и 31 фотографија. Првиот новинарски состав беше составен од 35-мина вработени. Низ весникот поминаа генерации и генерации новинари.

Среќен роденден вечеровци!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top