| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Мелбурн – двајца Македонци се борат за живот

Македонецот Ристе Николовски и неговиот син додека се возеле на мотор биле изненадно удрени од жена која управувала џип, објави порталот „Фаланга“.

– Од самиот судир биле турнати во друг автомобил кој се движел и неможел да ги избегне притоа нанесувајќи им големи повреди на двајцата Македонци. По кратка постапка Ристе Николовски и неговиот дванаесетгодишен син се пренесени во болница во Мелбурн  и како што дознаваме и двајцата се во критична состојба т.е во кома и се борат за живот, објави порталот.

Ристе Николовски по потекло е од Штрбово – Преспа и извесно време живееше во Охрид каде пред некој ден допатува во Мелбурн да живее со своето семејство, но за жал ја имал оваа тешка судбина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top