Иранскиот генерал Амир Али Хаџизаде денеска изјави дека во Сирија се иградени фабрики за производство на ракети.
– Фабриките за ракети во Сирија се изградени од Иран и по иранска технологија, посочи генерал Хаџизаде, кој командува со военовоздухопловните сили на Иран и со военовселенската армија на Корпусот на гардата на исламска револуција.
Генерал Хаџизаде наведе и дека во фабриките биле обучувани и специјалсти од Хезболах и од палестинските движења. Тој тврди дека „таквите технологии сега се достапни“ за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


