| четврток, 6 декември 2018 |

Можностите за инвестирање ќе се презентираат пред швајцарските бизнисмени

инвест

Владина делегација предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски од денеска престојува во посета на Швајцарската Конфедерација каде што ќе ги презентира поволните услови за инвестирање и водење бизнис во Македонија.

Делегацијата денеска имаше директни средби со раководствата на компании од прехранбениот сектор и од областа за производство на опрема и системи за греење, ладење и вентилација, како и фирми за производство на машински делови и алати.

Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека на почетокот на следната година посета на Македонија најавиле сопствениците на компаниите „Оспелт“ и „Хилти“.

Во организација на почесниот конзул на Македонија во Принципатот Лихтенштајн, Норберт Зегер, Стопанската комора на Лихтенштајн, македонската Амбасада во Швајцарската Конфедерација, како и  канцеларијата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во Берн вечерва во Цирих ќе се одржи настан на кој е најавено присуство на претставници од бизнис заедницата на Лихтенштајн.

Покрај вицепремиерот Пешевски, во составот на македонска делегација се и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Висар Фида, почесниот конзул на Република Македонија во Принципатот Лихтенштајн, Норберт Зегер, како и економскиот промотор во Швајцарија, Арлинд Зекири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top