| четврток, 6 декември 2018 |

Кју Клукс Клан ги повикува црнците да им се придружат

kju-kluks

Организацијата која е позната по расистичко и хомофобично насилство сега го проширува членството.

Членовите на Кју Клукс Клан во иднина ќе може да бидат Евреи, црнци, хомосексуалци и латиноамериканци.

Сите кои сакаат да се приклучат на екстремно десничарската групација и понатаму ќе мора да носат бели одори, маски и капи и да учествуваат во церемонијата, изјавува основачот Џон Абар.

Изменетата огранизација која од сега се вика „Витези на карпестите планини“ тврди дека се залага за „силна Америка“, а не за ирационална омраза.

„Приказната за надмоќта на белата раса е врзана за стариот Клан. Ова е нов Клан. Кју Клукс Клан се залага за силна Америка“, изјавил Абар.

Овој чекор следел по состанокот на Абер со Националното здружение за напредок на обоените луѓе.

Членовите на Кју Клукс Кланот изјавуваат дека Абар всушност сака да ја прошири својата политичка кариера.

Бредли Џенкинс, царскиот волшебник на ККК изјавува дека „тој човек прави се спротивно од тоа за што е Кју Клукс Кланот. Тој се обидува на сметка на нашата организација да си гради политичка кариера“.

Првиот Клан е основан во 1865 година во Тенеси и како тајна организација со насилство и претење се борел против луѓето кои немале бела кожа. Се проценува дека денес има помеѓу 5 илјади и 8 илјади членови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top