| четврток, 6 декември 2018 |

Руни: Никогаш нема да го заборавам голот против Македонија (видео)

Фудбалерот на англиската репрезентација и напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни в сабота ќе го има 100. настап во репрезентативниот дрес против репрезентацијата на Словенија. Руни на својот официјален профил на „Фејсбук“ напиша дека никогаш нема да го заборави својот прв гол во репрезентацијата на Англија, кој го постигна токму против Македонија во евроквалификациите.

– Никогаш нема да го заборавам тоа посебно чувство кога го постигнав првиот гол за Англија во битката за пласман на ЕП. Да бидам искрен, почувствував олеснување затоа што одиграв неколку натревари и почнав да се прашувам кога ќе го постигнам првиот гол, но, за среќа, тоа го направив на мечот против Македонија – напиша Руни.

 runi

Руни овој гол влезе во историјата на островјаните со 17 години и 317 дена како најмлад стрелец за сениорската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top