| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во скопско училиште: Заедно со татко му и чичко му ги тепал класниот и професорите

Во средното училиште „8 Септември, поранешен ЕМУЦ, во населбата Автокоманда во Скопје претпладнево ученикот С.Б, заедно со својот татко и чичко, направиле масовна тепачка против класниот професор М.А и уште неколку други професори.

Во ова средно училиште кадешто има неколку паралелки од ДСУ„Владо Тасевски“ од албанска националност, тепачката настанала помеѓу ученикот, неговиот татко и чичко, од една страна и од друга страна класниот професор и неколку други професори.

Од полицијата за „Република“ го потврдија случајот и велат дека се работи на негово расветлување, но засега не се познати причините поради кои настанала тепачката.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top