Албанскиот премиер Еди Рама, кој денес е во посета на српската општина Прешево, во која мнозинство е албанско население, во интервју за Б92 вели дека Голема Албанија е застарен мит за кој не се залага ниту еден албански политичар.
– Нашиот проект е Голема Европа со Србија и Албанија. Голема Албанија е застарен мит кој нема никаква врска со нас. Покажете ми барем еден доказ за тоа во мојата кариера или кај кој и да е друг албански политичар, што би докажало залагање за Голема Албанија – изјавил Рама.
Како што вели Рама зачуден е од фактот дека некој во Србија бил провоциран од ставот дека Косово е независна држава, одделно од Албанија.
– Мене ми е фасцинантно тоа што вас ова ве провоцира. Тоа не е нешто што јас сум го сонувал, тоа е реалноста. Многу држави со кои Србија соработува, го признаа Косово како независна држава. Би било добро и Србија да ја признае таа реалност. Ова не е за навредување или богохулење, туку реалност – нагласил Рама.
Инаку, Рама и неговиот домаќин Александар Вучиќ и покрај вчерашната ситуација синоќа вечерале заедно со уште неколку министри.
Рама денеска беше пречекан од жителите на Прешево со билборди „Добредојде премиере“ и со овации и тапани во центарот на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни
-
Рама: Мојата средба со лидерите на албанските партии нема врска со изборите
-
На Денот на независноста „Ристо Шишков“ отворен со косовска претстава за Голема Албанија