| четврток, 6 декември 2018 |

Берлинскиот ѕид е паднат, но овие ѕидови и понатаму го делат светот

berlinski zid

САД и Мексико

Границата помеѓу САД и нивниот јужен сосед е долга 3200 километри и на третина од нејзината должина се протега мрежа со челични и бетонски ѕидини, осигурани со инфрацрвени камери, сензори и беспилотни летилици, кои ги поставила американската влада, за да спречи влез на илегални имигранти на својата територија. САД планираат да го покријат и остатокот од границата со ѕид.

Изрел

Дури до осум метри висина се издигаат оградите, бодликавите жици и бетонски ѕидови кои го делат Израел од Западниот брег. Израел изградбата на ѕидот го оправдува со страв од терористики напади и страв за животите на своите жители.

Северна Ирска

Во Белфаст моментално има 99 ѕидови. Првиот е изграден пред 40 години. Нивната цел била да ги спречат конфликтите помеѓу католиците и протестантите, а ги разделуваат националистите и унионистите, односно, оние кои сакаат да се соединат со Ирска и оние кои ја подржуваат Северна Ирска во склоп со Обединетото Кралство.

Корејска демилитаризирана зона

Појасот широк 4 километри и долг 250 километри ги дели Корејскиот полуостров и Северна и Јужна Кореја. Иако се нарекува „демилитаризирана“ зона ова е всушност една од најосигурените граници на светот. Создадена е во 1953 година кога е спречена војната која однела повеќе од три милиони животи.

Сауриска Арабија – Ирак

Како би се заштитил од терористичките напади, саудискиот крал Абдулах наредил да изградат 900 километри долг ѕид помеѓу овие две земји. Пред пет години потпишан е и службен договор со една европска компанија за поставување на најсовремена сигурносна ограда со која Саудиска Арабија покрила 9 илјади километри од својата граница.

Индија – Пакистан

Ѕидовите, бункерите и бодликавата жица ја покриваат скоро половина граница помеѓу овие две нуклеарни сили. Бариерата е почнала да ја издига Индија во крајот на осумдесетите години со изрека дека се заштитува од тероризмот. Најголемите тензии се во регионот Кашмир.

Кувајт – Ирак

Црвстата граница помеѓу овие две земји кои ја сочинуваат различни бариери е директна последица од инвазијата на Садам Хусеин на Кувајт во 1990 година. Вкупната должина на бариерата е 190 километри и е бодликава жица и електрична ограда.

Узбекистан

Оваа земја има осигурено голем дел од своите граници, а тоа е поради шверц и тероризам. Голем дел од границата со Киргистан ја сочинува бодликава жица, границата со Авганистан електрична ограда, а на границата со Таџикистан ја осигурале со минирање на пограничниот дел.

 Кипар

Првата година од кипарската незавизност е обележана со конфликт помеѓу Грци и Турци. Во 1974 година по стекнувањето на независност, Турција има извршено инвазија на Кипар по што островот остана поделен со зелена линија на грчки и турски дел. Таа линија поминува низ Никозија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top