Во Друштвото на писателите на Македонија се одржа поетски портрет на Ристо Лазаров. За творечкиот опус на Лазаров говореа Георги Старделов, Влада Урошевиќ и Катица Ќулавкова, а песни читаше актерот Ѓорѓи Јолевски.
Книжевната средба беше организирана по повод 65-годишниот животен јубилеј и 45 години творечка дејност на поетот.
Ристо Лазаров зад себе има богат творечки опус: автор е на повеќе од 20 стихозбирки. Избрани дела од неговиот опус се објавени во четири тома. Добитник е на највисоките книжевни признанија кај нас, меѓу кои на наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија и наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Негови песни се застапени во сите антологии на новата македонска поезија, а посебни книги од неговото творештво се објавени во Русија, Австралија, Албанија, Србија, Англија, Словенија и Чешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.