Познатиот македонски поет, академикот Радован Павловски во поетската едиција на скопски „Макавеј“, ја објави новата збирка песни со наслов „Се случува вечност“, која претставува нов предизвик и средба со ретките поетски дарови на овој исклучителен лиричар. Стихозбирката содржи осумдесетина песни кои се поделени во повеќе тематски циклуси – „Се случува вечност“, „Премногу живот“, „Семе за сеидба“, „Бел камен“, „Гостин во сонот“ и „Римска воденица“.
По повод објавувањето на оваа нова книга на академикот Павловски, поет и литературен критичар Бранко Цветкоски поетнцира:
-Добрите познавачи и читетаелите на поезијата на Радован Павловски знаат дека во фигуративниот арсенал од почетоците на присуството на овој лиричар во македонскиот книжевен живот, посебна нагласка имаат метафоричните одекнувања што ја штитат изворноста и оригиналноста на неговиот поетски текст. Во таа смисла високата сугестивност на доживувањето и во новата книга „Се случува вечност“ ги исполнува читателските очекувања, така што се соочуваме со постојана затегнатост на ракописот кое се стреми до трајно сраснување во поетското доживување на чудесниот лирски микс што поетото го прави со знаците на историјата, традицијата, митологијата и со неговиот чудесен личен космогониум импрегнирам со заумна и метафизичка маја, вели издавачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.