| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во авион на „Туркиш ерлајнс“: Патник се закани дека носи бомба

Патник од Туркменистан во авион на „Туркиш ерлајнс“ предизвика паника заканувајќи се дека носи бомба, објави турската телевизија НТВ.

Авионот се подготвувал да полета од Истанбул за Ашхабат, кога еден од патниците, се заканил дека носи бомба.

Персоналот го информирал пилотот за заканата, по што била повикана полиција. Патникот одбил да биде претресен и насилно бил симнат од авионот. По проверката се покажало дека станува збор за лажна закана.

Патниците биле евакуирани и авионот целосно претресен, по што полетал за Ашхабат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top