| четврток, 6 декември 2018 |

Нова рунда разговори за името утре во Њујорк

nimic
Посредникот на ОН во разговорите меѓу Македонија и Грција во спорот за името Метју Нимиц за утре свика нова рунда разговори меѓу претставниците на двете земји во Њујорк.

На средбата ќе присуствуваат македонскиот амбасадор Васко Наумовски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис. Средбите ќе се оджат во седиштето на ОН, при што Нимиц ќе има одделни средби со Наумовски и Василакис, а потоа и заеднички разговори.

Целта на средбата, според најавата од прес-службата на ОН, е да се продолжат напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името.

Последните разговори се одржаа во Њујорк, за време на септемвриското Генерално собрание на Обединетите нации, каде македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со својот грчки колега Евангелос Венизелос. По оваа средба, Попоски изјави дека кај Грција и понатаму нема интерес за активно да се работи на решавање на спорот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top