Најдобрата српска тенисерка Ана Ивановиќ, Новата година ќе ја дочека со своето момче Бастијан Швајнштајгер и тоа во Минхен, пренесува српски „Курир“. Со тоа Ана ќе се одолжи, бидејќи Швајнштајгер веќе два пати го посети Белград, на 10. октомви и на 6. ноември кога заедно го прославија нејзиниот 27. роденден.
Со оглед на тоа што на 5. јануари почнува турнирот во Австралија, а и Бастијан ќе се врати на теренот тие двајца ќе се гледаат само на Скајп, па затоа тенисерката ќе го искористи слободното време во Минхен.
Ана и Бастијан новата година ќе ја дочекаат со пријателите, а веќе на 1. јануари Ивановиќ ќе се запознае со неговите родители.
– Тие најлудата ноќ ќе ја дочекаат во домот на фудбалерот. Тоа ќе биде прв пат таа да биде кај своето момче, со оглед на тоа што Бастијан веќе два пати го посети Белград – вели извор близок на Ивановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


