| четврток, 6 декември 2018 |

Славен Римац: Илиевски е големо засилување за Цибона

Влатко Илиевски е нов член на Цибона, а кошаркарскиот гигант од Загреб од поранешниот македонски репрезентативец очекува веднаш да има влијание во подобри изданија на тимот.

„Илиевски е врвен професионалец, добро е подготвен и очекувам да игра во континуитет добро како против Крка. Иако му треба период да се прилагоди на екипата и на соиграчите, верувам дека ќе помогне да оствариме добар резултат“, изјави Славен Римац.

Во дебито за Цибона, Илиевски мина 19 минути на паркетот против Крка и постигна 8 поени. Цибона победи на гости со 80-70, во меч во кој Илиевски играше против тимот што го предводи македонскиот селектор Џикиќ, кој ја предводи Крка.

За Илиевски Цибона е нова тринаесетта интернационална авантура, а нашиот кошаркарски глобтротер досега настапуваше во дузина клубови од 7 различни земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top