Пет натпревари беа одиграни синоќа во НБА лигата. Екипата на Кливленд го запиша првиот триумф на домашен терен оваа сезона, победувајќи ги Пеликанс со резултат 118-111.
По прв пат откако се во истата екипа Леброн, Ирвинг и Лав, големата тројка функционираше како мотор за тимот од Охајо. Џејмс го запиша првиот трипл-дабл оваа сезона, откако натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скока и 10 асистенции. Зад него беше Кајл Ирвинг со 32 поени, 9 асистенции и 5 скока, додека Кевин Лав натпреварот го заврши со 22 поени и 5 скока.
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговиот тим Атланта ја остварија првата гостинска победа во новата сезона откако славеа против Њујорк со 91:85.
Антиќ на теренот мина нешто повеќе од 16 минути, а во петтиот пораз во низа на „Никси“ учествуваше со пет поени и два скокa. Најефикасен во победничкиот тим беше Пол Милсеп со 19 поени. На спротивната страна Кармело Ентони запиша 25 поени и 10 скока, но тој не можеше сам против целиот тим на Атланта.
НБА резултати:
Кливленд – Њу Орлеанс 118:111
Индијана – Јута 97:86
Њујорк – Атланта 85:91
Чикаго – Детроит 102:91
Л.А. Клиперс – Сан Антонио 85:89
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.